сабота, 12 јули 2025
Димитар Љоровски Вамваковски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Преспанскиот договор – ден потоа

Постојат многу прашања од овој договор кои за пошироката јавност се сѐ уште енигма, предмет на произволни толкувања, шпекулации, полувистини и невистини. Една од нив (постојат многу повеќе) е тоа дека Договорот бил подготвен од амбасадата на САД во Атина, дека директно била напишан во Вашингтон и даден на потпис на двете страни...
Но, главниот грчки протагонист, Коѕијас, изнесува сосема други погледи и ставови во однос на ова прашање. Имено, тој постојано го негира не само мешањето на САД во текот на клучните преговори кои доведоа до Преспанскиот договор, туку и со помош на дипломатски алатки го спречил замешателството на која било трета страна во текот на преговорите, со исклучок на Нимиц, кој бил присутен на средбите, но во голема мера изолиран.
Да видиме што вика Коѕијас во врска со тоа кој го составил нацрт-текстот на Преспанскиот договор:
– Политичките договори формирани во серија средби меѓу мене и Димитров, како нашата средба во септември 2017, кога одлучивме двата премиери да ја објават одлуката на 24 јануари 2018 на средбата во Давос. Таму беше потврдена нашата одлука јас да го напишам првиот нацрт на договорот. Веќе го имав обработено на разни начини во мојот ум, внатрешно, и ги имав забележано моите идеи во две полни тетратки за тоа што и како треба да вклучи еден нацрт на договорот. Исто така, ги проучував сите предлози и записници, како и телеграмите, и специјалниот пристап, од сите средби и преговори од 1991 до 2015. Дополнително, ги анализирав сите состаноци на ЕУ, НАТО и разни комисии и собранија, како и институционалните одлуки на ООН кои се занимаваа со македонското прашање и неговиот развој, именувањето.
– Договоривме, исто така, со Димитров и Заев дека основната нацрт-спогодба ќе ја подготвувам јас, а потоа заедно ќе работиме на неа. Немав никаква намера да создадам текст кој е несиметричен и нефер. Напротив, сметав дека сум подготвен да направам текст кој ќе одржува рамнотежа, ќе ги решава проблемите и ќе дава перспективи за нас двете страни и за целиот регион на Југоисточна Европа, доколку тоа е возможно.
– По средбата за запознавање меѓу Ципрас и Заев (Давос, јануари 2018 г., б.м.), седнавме на средба и четворицата – двајцата премиери и двајцата советници. Беше договорено да се објават ставовите што ги договоривме со Димитров во септември и да се формира нацрт-текст на спогодбата, кој, со согласност на сите присутни, ќе го напишам јас. Тоа ќе беше прв пат нацрт-текст за името, а да не потекнува од трета страна – претходно, по правило, од С. Ванс, М. Нимиц и ОН.
– Затоа секој предлог што го направив и секој став во нацрт-договорот што го изработив вклучуваа, доколку е можно, и вредностите и принципите на другата страна, кога тие не се косеа со вредностите и принципите на нашата страна. Кога се косеа, требаше заеднички да се бараат решенија. Се стремев да ги објаснувам моите чувства и мисли, но и да им овозможам изразување на другата страна и да се обидам да ги разберам.
Да резимираме, според Коѕијас, основниот нацрт-текст на Преспанскиот договор го напиша тој, понатаму со усогласувања и дополнувања на истиот од двете страни.
Оттука, македонската јавност треба и мора да знае вакви работи, ако е така, да го потврдат или негираат двајцата од македонската страна што директно биле вклучени во преговорите… Транспаретноста и принципелноста е клучна во вакви работи, особено што станува договор кој многу години ќе биде дискутиран, негиран, оправдуван…
п.с. Умни сте да разберете што значи едната страна да подготвува нацрт текст на договор со кои се менуваат суштински идентитетски одредници на другата страна!
Димитар Љоровски Вамваковски

КОЛУМНИ

Сашо Маневски

„Возвишените“ ЕУ вредности

Бранко Саркањац

Што го прави денес Македонецот Македонец?

Луси Ректорова

Пропаганда за мајчинство: руската забрана за луѓето кои не сакаат деца...

Жанета Ќосе

Како либералите ни го „избришаа“ јазикот и идентитетот и зошто ВМРО...

Рајко Пеколски

Забрането постоење!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ