недела, 7 декември 2025
Ребека Иванова

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Правото без човечност е празна буква, насилството без одговорност е трагедија

Во време кога секој има свое мислење, но малкумина знаат да слушаат, потребно е да застанеме и да се запрашаме: каде одиме како општество и што навистина значи да бидеш човек денес? Правото е огледало на општеството, во него се рефлектираат сите наши вредности, стравови и противречности. Затоа, кога зборуваме за правда, не зборуваме само за закони, туку за луѓето и нивните животи.

Насилството е тешка психичка состојба што се раѓа кога љубовта исчезнува, а стравот станува секојдневие. Многумина мислат дека насилството почнува со првиот удар, но вистината е дека најстрашното насилство почнува со тишина, со игнорирање, со понижување.

Како општество, имаме сериозен проблем со насилници кои без никакво сожалување го кршат достоинството на своите најблиски. Секој од нас има одговорност да биде глас на оние кои се заробени во тишината која секој ден полека ги убива не само со удар, туку и со институционална рамнодушност и општествена неосетливост.

Кога системот молчи, насилството добива дозвола да живее меѓу нас. Институциите мора да бидат отворено засолниште за секоја жртва, а не ѕид зад кој се крие бирократијата. Кога жртвата ќе собере храброст да проговори, не смее да биде пречекана со сомнеж, туку со разбирање и поддршка. Зашто во моментот кога државата  ќе замолчи, насилството победува. Ефективната правна заштита подразбира признавање и санкционирање на физичкото и психичкото насилство, како и воспоставување системски механизми за превенција, заштита, поддршка и реинтеграција на жртвата во општеството, со цел зачувување на нејзиното достоинство и целосна правна сигурност.

Прво, да изградиме емпатија. Потем ќе научиме да гледаме подлабоко зад стравот, зад тишината, зад насмевките што кријат болка. Само кога ќе почнеме да чувствуваме, ќе можеме вистински да разбереме. Институциите можат да спроведуваат закони, но само луѓето можат да создадат правда. Правдата не почнува во судниците, таа почнува во нашите срца, во начинот на кој реагираме кога некој страда. Нашиот глас е гласот на секоја жртва.

Ребека Иванова,

член на Надзорниот одбор на Европското здружение на студентите по право (ELSA)

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

Како изгледаат среќни луѓе?

Јове Кекеновски

ВМРО и Европа: Православието како дел од европската цивилизација наспроти теоријата...

Божин Павловски

Бугарите можат и подобро

Ристо Цицонков

Нема „парно“…

Сања Велкакова

Што ги турка младите надвор, и што би ги вратило назад

Александар Грижев

Фрагментирани институции, силни манипулациски кампањи: зошто ни треба интегриран одговор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ