понеделник, 8 декември 2025
Љубомир Кекеновски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Охридски посланија или трактат за Хуманизмот (2)

Она што го гледаме како општествено политичка претстава после втората војна е една конфронтација околу идеите за развој, како концепти за уредување на внатрешниот и меѓународниот поредок.

Уште античките учени го делат светот на чувствата/сетилата и светот на умственоста како свет на идеите. Но, многу зли умови си земале право/шанса да направат зулум, разигрувајќи ги своите налудничави/опасни идеи кои многу го чинеле човештвото. Затоа  Платон ја уточнува оваа тема и стриктно вели дека само ,,тоа што е добро по себе, убаво по себе и праведно по себе заслужува да се нарече идеја“.

Светот по последниот воен судир кој формално заврши пред 80 години, повторно се галванизира околу идејни/вредносни коалиции на кои им претстои кристализација. За наше преслушување, да се прашаме со какви идеи сме ние денес, кога светот најжестоко се конфронтира за нова територијална и економска поделба. За почеток е доволно, како наше автохтоно продолжение, да ги воскреснеме идеите за слобода, еднаквост и правда. Сето тоа да премине, низ заборавената призма на љубов, како што беше првоначалната идеја на богуподобните/милите, кои светот го разбираа како натпревар на идеи. Притоа, таа емпатија треба да биде еднакво споделена и кон природата/екологија и кон општеството.

Намерно притаено/притемнето помина најавата на архитектите на ,,Големиот ресет“ дека тој во својата основа првично подразбира воена транзиција/ресет. Всушност, тоа што се вирусите, чумите, и болестите во природата, тоа се војните и револуциите во општеството. Одново констатираме колку се вредни старите мудреци што ни ја декодирааат каузалноста на целиот процес. Дека нема ништо ново под капава небесна, не потсетува стариот и добар Хераклит кога вели „војната е мајка на сите нешта“ во која тој објаснува дека сѐ што не може да се реши на мирен/цивилизиран начин, сѐ што долго стои затнато/затегнато единствено газејќи низ огнената порта може да се отвори нова перспектива од старото безизлезност. Демек, само тоа ги разрешува неразрешените конфликти , ги редефинара односите, создава нова реалност и следствено го моделира мирот. Барем така беше досега, од приложената историја во претходните милениуми, кога оваа драмолетка се клати на истото нишало од мир/примирје до следната војна. За да излеземе од таа магична удолна спирала, мора да се стигне до темелна  промена на старата парадигма.

А пропо тој процес, мора да минеме низ колективна и лична метаноја, за тоа преумување да нѐ упати кон нова духовна вертикала која ќе ја создаде современата општествена парадигма. Барем во три димензии ни се потребни  видлив/опиплив квалитативен пресврт. На пример, во доменот на здравјето/медицината наместо зомбирани пациенти да се оди кон психо физички свесни и здрави личности, во духовноста од неопитни искушенци да се искачиме кон повисоко духовно рамнотежа, а во општествено политичкиот живот, од зависни да израснеме во слободни и одговорни граѓани. Трите преоди се клучни потпорни точки на опшествениот триножник за новиот свет.

Иако може да изгледа на прв поглед, формална дури и наивна, оваа иницијална идеја подразбира најсериозна трансформација, која ги поткопува/загрозува самите поставки на стариот поредок. Имено, само психофизички здравиот човек не е веќе пациент/клиент на воспоставените монополи, а длабоко смирениот може да избегне од канџите на нечестивиот. Уште потака, единствено општествено свесниот ги препознава јавните наспроти приватните интереси и како слободен/одговорен граѓанин станува партиципиент во  полит- економскиот процес. Следејќи го тој образец и низ искачување на таа угорнина, лежи шансата за суштински пресврт. Веќе неупотребливи урнеци се досегашните лажливи/благи реформи. Туку, вистинскиот пат/голгота води низ радикално напуштање на актуелните стереотипи, за старата ментална униформа да се фрли како непотребен оклоп на буништето на историјата.

Во прилог на тоа, да го испочитуваме/искористиме како повод Успението на Големата Мајка, оти најнапред и пред сѐ, сме луѓе, а неправдата и болката немаат ни вера ни нација. Затоа, да ги умножиме нашите молитви и семожни напори, за да означиме крај на оваа предаторска цивилизација на војната и да покажаме дека мораме и знаеме и подобро и поинаку. Сѐ друго со истиов ниет и табиет, и со ова гаргаутанско ниво на нуклеарна потенција, не само што ќе го уништиме овој свет кој го знаеме, туку преостанатите со стариот ум, ако има такви, веднаш ќе отворат уште еден пеколен круг во подземјето на Данте и ќе започнат да се тепаат со лак и стрела.

 

P.S. Просветлени поздравленија од нас овде на Балканите, најдребните и најдревните, до властелините на светот кои се собираат во Кина, најновите и најголемите.

Љубомир Кекеновски

 

Охридски посланија или трактат за хуманизмот (1)

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

Како изгледаат среќни луѓе?

Јове Кекеновски

ВМРО и Европа: Православието како дел од европската цивилизација наспроти теоријата...

Божин Павловски

Бугарите можат и подобро

Ристо Цицонков

Нема „парно“…

Сања Велкакова

Што ги турка младите надвор, и што би ги вратило назад

Александар Грижев

Фрагментирани институции, силни манипулациски кампањи: зошто ни треба интегриран одговор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ