петок, 4 јули 2025
Клементина Брзаковска

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Меѓу идеалот и механизмот

Долги години живеевме во политички систем кој не наградуваше труд, туку врска. Кој не градеше институции, туку лични пиедестали. Систем во кој личната кариера беше поважна од професинализмот, а видливоста над компетентноста. Гледавме како исти ликови циркулираат низ јавните функции – не затоа што се најдобри, туку затоа што се најподобни. И сето тоа системот го прикажуваше како нормално.

Во таков систем, тишината на вредните и работливите стануваше невидлива, а бучавата на самопромотерите – неподнослива. Довербата се трошеше како потрошна стока. Честопати, тие што градеа беа оставени зад сцената, а оние што рушеа беа пречекувани со почесни места и функција. И сето тоа поминуваше без отпор, затоа што системот го нормализираше.
Првиот човек, министри, директори, луѓе со визија и совест – се обидуваат да го променат ритамот. Да воведат ред, критериум, достоинство. Да изберат квалитет наместо квантитет, да слушаат наместо да шефуваат и наредуваат, да ги постават вредностите пред сопствените калкулации. И да, промената се гледа – во тонот, во пристапот, во енергијата, но колку повеќе се трудат, толку отпорот на системот станува посилен. Бавното бирократско тело, старите навики, вкоренетите шеми, политичкиот клиентелизам и апетитите на малите, но гласни уценувачи – сѐ уште го кочат новиот дух. Трулиот систем, иако на колена, сѐ уште ги има клучевите од вратата.
Гледаме стари кадри кои се подготвени да ја саботираат реформата, само за да не ја изгубат привилегијата. Клиентелисти кои без резултати бараат награда, додека креаторите на промените… Тоа не е отпор на промена – тоа е системската одмазда кон новото, различното, правилното.
Но, не смееме да се откажеме. Зашто ако овие обиди за промена не успеат, ќе биде не затоа што народот не верувал, туку затоа што заробениот систем не дозволил. Ќе биде уште една шанса испуштена не поради недостаток на идеи, туку поради недостаток на поддршка.
Затоа, денес ни треба свест на сите нивоа. Ни треба рамо за тие што ја туркаат промената, не поткопување. Ни треба храброст да се каже „не“ на личните апетити, ако тоа значи „да“ за државата. Ни треба систем кој не ги јаде сопствените реформатори.
Нема време за втор обид. Ако сега не го промениме системот, тој повторно ќе не проголта – со сите идеи, визии и надежи. Но, ако сега успееме, конечно ќе имаме држава што не живее од имиџ, туку од интегритет, од резултати не од театар, од вредности не од пазарања.
Ниту еден систем не паѓа одеднаш – туку кога престанува да ги препознава луѓето што го држат исправен.

Клементина Брзаковска

КОЛУМНИ

Јове Кекеновски

Зoшто двојните стандарди во извештајот

Филип Клетников

Пинџурот на неоколонијалистите

Џефри Д. Сакс и Сибил Фарес

Време е за сеопфатен мир на Блискиот Исток

Алис Тејлор

Како Албанија му се спротивставува на кинеското влијание

Билјана Ванковска

Кинескиот модел: демократија што испорачува

Љубомир Николовски

НБА родители и деца

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ