понеделник, 8 декември 2025

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

КПК не се откажува и нема да се откаже од комунизмот

(Реакција на Амбасадата на Народна Република Кина на колумната „Комунистичка романтика во капиталистички костум – идеологијата што ја јаде младоста“, објавена на МКД.мк, на 6 ноември)

Ви се обраќаме во врска со статија напишана од г-ѓа Клементина Брзаковска објавена на вашата веб-страница на 6 ноември. Се чувствуваме должни да одговориме на наводните обвинувања за корупција во Кина, како погрешни и апсолутно неконзистентни со фактите, при тоа без најмала намера да се вклучиме во дебати меѓу политичките партии во Северна Македонија.

Корупцијата е универзален предизвик за секоја суверена држава. Каде и да има моќ, постои ризик од злоупотреба. Водена од марксистичката теорија за градење партии, Комунистичката партија на Кина (КПК) – најголемата политичка партија во светот – остана трезвена и решителна во унапредувањето на самоуправувањето и самореформирањето. Кина беше меѓу првите земји што ја потпишаа и ратификуваа Конвенцијата на Обединетите нации против корупција. Во текот на изминатата деценија, КПК спроведе неспоредлива антикорупциска кампања со нула толеранција. Воспоставен е сеопфатен систем против корупцијата кој ќе ја обезбеди контролата на моќта во текот на целиот нејзин процес на извршување. Овие мерки постигнаа круцијален успех. Националното истражување во последните години покажува дека 97,4% од испитаниците се задоволни од напорите на владата.

Наместо наводно да практикува „најжестокиот капитализам“, КПК ги претставува фундаменталните интереси на огромното мнозинство од кинескиот народ и е посветена на служење на народот со цело срце – убедување кое е загарантирано и во Уставот Партијата како и во Уставот на самата Народна Република Кина. Изминатите 70 години покажаа како БДП на Кина по глава на жител се зголеми за од помалку од 30 американски долари на над 10.000 американски долари, со  најсеопфатен воспоставен систем на образование, социјално осигурување и јавно здравство во светот. Гледајќи наназад, Кина извлече над 800 милиони луѓе од сиромаштија – повеќе од вкупното население на 44 европски земји – остварувајќи ја целта на Агендата на ООН за намалување на сиромаштијата дури една деценија пред предвиденото. Четврта пленарна седница на 20-тиот Централен комитет на КПК, која неодамна се одржи, усвои препораки за 15-тиот петгодишен план, потврдувајќи ја посветеноста на Кина народот секогаш да биде на прво место, унапредувајќи го заедничкиот просперитет. Чувството на исполнетост, среќа и безбедност кај луѓето продолжува да расте. Долгорочните анкети на Харвардската школа „Кенеди“ покажуваат дека над 93% од кинеските граѓани се задоволни од владејачката партија и централната влада.

Г-ѓа Брзаковска е во право кога тврди дека светот во 21-от век се движи кон иновации, знаење и индивидуални можности. Токму затоа КПК го прегрнува висококвалитетниот развој и отворањето кон светот на високо ниво. Кина моментално е рангирана меѓу првите 10 земји на Глобалниот индекс на иновации оваа година, нудејќи неспоредливи можности за младите луѓе да ги остварат своите соништа. Речиси 20% од вкупниот број на сегашните 100 милиони членови на партијата се под 30 годишна возраст, што само е доказ за тоа.

Како најголема земја во развој и држава-членка на П5 во Советот за безбедност на ОН, Кина отсекогаш сериозно ги сфаќала своите меѓународни одговорности. Претседателот Си Џинпинг се залага за градење на заедница со заедничка иднина за човештвото и покрена низа иницијативи, вклучувајќи ги Глобалната иницијатива за развој (GDI), Глобалната иницијатива за безбедност (GSI), Глобалната иницијатива за цивилизација (GCI) и Глобалната иницијатива за управување (GGI), давајќи го одговорот на Кина на прашањето каков свет ни е потребен и како да го изградиме. Гледајќи напред, како партија со стогодишна историја која се стреми кон напредок на целото човештво и хармонија на светот, КПК е сè уште во својот цут. КПК не се откажува и нема да се откаже од комунизмот.

Амбасада на НР Кина

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

Како изгледаат среќни луѓе?

Јове Кекеновски

ВМРО и Европа: Православието како дел од европската цивилизација наспроти теоријата...

Божин Павловски

Бугарите можат и подобро

Ристо Цицонков

Нема „парно“…

Сања Велкакова

Што ги турка младите надвор, и што би ги вратило назад

Александар Грижев

Фрагментирани институции, силни манипулациски кампањи: зошто ни треба интегриран одговор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ