понеделник, 15 декември 2025
Бранко Азески

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Комората испраќа јасни пораки

Ако се вратиме пет години назад, кога се соочивме со здравствената криза, можам слободно да кажам дека и покрај слабото или никакво дејствување на Светската здравствена организација што остави простор секој сам да дејствува и без нашето потребно искуство за пандемијата, ние како Комора добро се справивме.

Прво, одлично одреагиравме за отворањето на коридорите уште на самиот почеток на кризата за непречен проток на суровините до нашите капацитети и второ, многу добро го изменаџиравме првиот удар на кризата, која во тој момент најмногу се почувствува во дејностите врзани со движење – угостителството и туризмот и сообраќајот и транспортот.

Освен здравствената, а потоа и економската, подоцна се јави  и енергетската криза. На компаниите, членки на Комората, им се откажуваа потпишаните договори за снабдување со електрична енергија и се јави енормен пораст на цените на суровините, а со тоа и на електричната енергија. Од искуствата научивме да предлагаме мерки за превенција на ситуацијата и затоа побаравме: прво, подигнување на домашното производство на електрична енергија и второ, одземање на лиценците на снабдувачите со електрична енергија од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Комората денес, останувајќи на изворните принципи и вредности во своето работење, мора да повлече потези кои што ќе ја обезбедат нејзината иднина. Владата го направи тоа пред една година, со реорганизација на владиниот апарат воведувајќи нови министерства и спојувајќи некои од нив. Тоа е обврска и за нас да се прилагодиме како партнери за да можеме да ги оствариме зацртаните цели.

Изминативе месеци јавноста имаше можност да види со каков потенцијал на млади бизнис лидери располага Комората. На искуството стекнато во кризите, на долговечноста која е преку еден век, на кадарот кој што го создадовме, сега ќе придодадеме само три нови приоритети: образованието за потребите на бизнисот, извозот и регионалната соработка. Тоа ќе е фокусот на Комората во наредните 10 години, бидејќи тоа е интересот на фирмите во моментов.

Во исто време ќе продолжат активностите за поддршка на дигитализацијата, на циркуларната економија, за зелената енергија и вештините за зелена транзиција и вештачката интелигенција како составен дел на сите процеси.

П.С. Време е да ги обединиме нашите сили и да работиме заеднички, било како компании, универзитети, академска заедница, политички партии. Повеќе од тоа што го правиме денес. Затоа што очигледно е дека влегуваме во нова фаза во која ќе има големи гео-политички преструктуирања, а со тоа нема предвидливост.

Бранко Азески,

претседател на Стопанската комора на Македонија

КОЛУМНИ

Димитар Љоровски Вамваковски

„Јас ги судам работите како Македонец“ – необјавено интервју на Христо...

Александар Иванов

Трагедијата на нарцисоидните народи: Како Европа ја изгуби иднината во Украина

Јове Кекеновски

Европска критика на погрешна адреса: како менаџерски неуспех се претвори во...

Билјана Ванковска

Огледалце, огледалце мое: Трамповата Стратегија за национална безбедност и американските илузии

Далибор Ступар

Зошто Србија толку многу се плаши од Русија?

Илина Мангова

За системски, наместо проектен, пристап кон државата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ