Во последните години „хибридна закана“ е веројатно еден од најчесто употребуваните, но и најмалку разбраните термини. Тоа се должи најмногу на фактот што хибридните закани опфаќаат исклучитечно широк дијапазон на активности, обединети во субверзивниот карактер и дологорочните ефекти врз националната безбедност и меѓународниот поредок. Заради диверзифицираните и суптилни облици на делување, изостанува конезнусот околу дефинирањето, но во суштина, терминот хибридна закана се однесува на различен тип на активности кои се оркестрирани од единствен центар на моќ. Секогаш се стратешки планирани и координирано спроведени под покритие од државни и/ или недржавни актери од страна на ист центар, како тактика за остварување на влијание со цел да се изврши промена или да се нанесе штета на постиечкиот поредок.
„Жртва“ може да биде секој поединец или институција со моќ за донесување одлуки на локално, регионално, државно или институционално ниво. Овие акции се намерно насочени кон секоја сфера која е ранлива или претставува потенцијално поле за злоупотреба на граѓанските права и слободи.
Странското мешање и манипулирање со информации – новата ера на влијание
Хибридните закани добиваат нова сила со странското мешање и манипулирање со информации (СММИ). Ова се намерни дејства на државни или недржавни актери за влијание врз јавното мислење, политичките процеси или општествените норми во друга држава.
Развојот на технологијата и експанзијата на сајбер-просторот го проширија потенцијалот на СММИ до незамисливи размери. Зошто? Сѐ повеќе сме зависни од технологијата, што резултира со поголема изложеност на приватноста и личните податоци на интернет. Нашите кликови и онлај навики оставаат дигитален отпечаток кој оддава повеќе за нашата личност и преференци отколку што веројатно и самите знаеме за себе. Алгоритмите создадени врз база на нашето однесување ни пласираат содржина која го „надувува“ нашиот информативен балон, создавајќи паралелна реалност. Дополнително, кражбата и тргувањето со лични податоци стана моќно оружје за микротаргетирање и манипулација со ставови. Сте се запрашале ли некогаш зошто определена информација ги бомбардира вашите социјални мрежи, додека вашата сосетка може и воопшто да не чула за тоа?
Преминот од традиционални кон дигитални медиуми носи големи придобивки, но и сериозни ризици. Професионалното новинарство често се дави во инфодемијата, борејќи се за опстанок и вистина. Дигиталните медиуми, исто како и демократијата, често се злоупотребуваат како оружје. Пример за тоа е наглиот пораст на нерегистрирани портали непосредно пред избори, a извештајот на ОБСЕ за последните одржани избори во Северна Македонија нотира дека (изборната) кампањата на социјалните медииуми, не е регулирана.
Злоупотреба на изборните процеси и демократските механизми
Изборните вмешувања се случуваат сѐ повеќе, насекаде низ светот на различни начини, со различен ефект, во различни фази од кампањата. Дезинформациите и лажните профили се користат и надвор од изборните циклуси за да предизвикаат општетсвена поларизација и да наметнат наративи кои би придонеле за поддршка на определена страна. Гласачите гласаат по сопствени убедувања, но колку успеале да го формираат сопствениот став независно и базирано на факти зависи од достапноста на аргументите кои им биле познати или пласирани.
Имаше неколку слуачи со хакирање и протекување на приватна електроинска пошта на изборите во САД и Франција. Во случајот на американските избори, ваквите активноси ја исфрлија Хилари Клинтон од кампањата и го донесоа Доналд Трамп на тронот во 2016. Други еклатантни обиди за вмешување и влијание е злоупотребата на граѓанското здружување и активизам, односно финансирање и поддршка на актуелни политички партии и преку ноќ формирање на нови,како и на граѓански и хуманитарни организации и слично. Со злоупотреба на ваквите форми на здружување често се прават обиди да се дискредитираат или стишат и вистинските, или да се намали моќта на сите актери кои имаат капацитет на промена. Изборите во Молдавија оваа година се одржаа во поширока регионална атмосфера на вознемиреност предизвикана од трендот на изборна дестабилизација низ цела Европа. Во Романија, претседателските избори во 2024 година беа поништени поради обвинувања за руско мешање – епизода што кулминираше со неуспешен државен удар предводен од претходно непознат кандидат поттикнат од странско финансирање и насочени популистички пораки.
Овие активности ги злоупотребуваат демократските механизми за да вршат влијание преку легитимни институции и поединци, создавајќи наративи во полза на изворот од кој доѓаат. Ефектите често не се веднаш видливи, но се долгорочни и геополитички и економски значајни. Целта е да се овозможи и олесни доаѓање на власт на партнери ,,погодни за договарање” и поподложни на влијание. Затоа и во извештај на ,,Фрудом хаус” (Freedom House) се вели дека дигиталните платформи се новите бојни полиња на демократијата.
Реакции на националните законодавства
Откако директорот на МИ5 ги категоризира изборните вмешувања како закана за националната безбедност, Обединетото Кралство усвои нова легислатива.
Шемата за регистрација на странско влијание е иницијатива дизајнирана да ја подобри транспарентноста и да ја заштити националната безбедност преку следење на активностите на странско влијание. Од 1 јули 2025 година, сите поединци или организации вклучени во активности насочени од странски сили мора да се регистрираат. Во рамките на британската структура за странско мешање, ,,странска сила” е широко дефинирана во Актот за национална безбедност од 2023 година и вклучува шеф на држава, странска влада или нејзини агенции, странска локална власт или владејачка политичка партија. Таа може исто така да опфати поединци, како што се вработени во странска влада или поединечни членови на владејачка партија, кога делуваат во официјален капацитет или имаат позиција на власт. Непријавувањето е кривично дело. Одредени активности се ослободени од регистрација, како оние што ги вршат признати издавачи на вести, правни професионалци, дипломати и членови на нивните семејства. Ова треба да ја зголеми транспарентноста и да го одврати тајното странско влијание.
Но, во транзициски демократии или автократски режими ваквите практики можат да бидат злоупотребени за да се задуши и така стеснетиот простор на секоја форма на опозиција, што беше извор на долготрајни протести во Грузија. Колку и да се транспарентни практиките на контрола, злоупотребата на демократските механизми од малициозни центри на моќ може да го стесни либералниот периметар.
Има ли излез од „маѓепсаниот круг“?
Хибридните закани и странското влијание често ја користат отвореноста на либералните системи – слободата на изразување, плурализмот и демократијата – како алатка за поткопување на истите тие вредности. Тоа е парадоксот на современата безбедност: она што го прави системот силен, може да биде злоупотребено за да стане ранлив. А само информирани и критички свесни граѓани можат да изградат отпорни институции.
Весна Попоска
(Преземено од Республика)










