вторник, 10 март 2026
Гоце Панговски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Како Бугарија од окупатор стана „ослободител“

На денешниот ден 5 октомври 1944 година во градот Крајова во Романија, официјална бугарска делегација на чело со Добри Трпешев и Петар Тодоров, на нивно барање, остварува средба со Јосип Броз Тито и измолува формална дозвола за бугарско учество во борбите против Германците на територијата на Југославија.
Да се потсетиме, Бугарија за време на Втората светска војна официјално потпишува приклучување кон Тројниот пакт на Сили на оската (Германија, Италија, Јапонија) на 1 март 1941 година.
Набрзо после германскиот напад на кралска Југославија на 6 април 1941 година, Бугарија како земја-слугинка на наци-фашизмот и официјално станува окупатор на делови од Македонија и Јужна Србија.
Статусот на окупатор Бугарија го има сѐ до 9 септември 1944 година, кога заради доаѓањето на советската Црвена армија на нејзините северни граници и неспособноста, пред сѐ, во Македонија да се справи со македонските партизани (од бугарска страна погрдно и омаловажувачки наречени „шумкари“) Бугарија во сред војна ја менува страната и со внатрешен преврат предводен од комунистички ориентираниот „Отечествен фронт“ се обидува да се искупи за претходните убиства, злосторства, интернации, антисемитизам и материјални и културни штети што ги правела претходните три и пол години.
Токму заради оваа спогодба во Крајова и со помош и директно содејство на СССР и маршалот Толбухин (кој е на чело на тогашниот советски таканаречен „Трет украински фронт“ што де факто ја командува и бугарската војска) Бугарија успева да издејствува свое учество во борбите против Германците, нивните довчерашни господари и сојузници.
Неколку години подоцна, заради Резолуцијата на Информбирото, се случува фамозната поделба помеѓу Тито и Сталин, а со тоа и на повоена Југославија со земјите од Источниот блок, во чии рамки тогаш веќе е и Бугарија.
Буквално и безмалку од тогаш до ден денешен во јавниот дискурс во Бугарија се премолчува оваа спогодба од Крајова, а упорно и сесрдно се шири наративот за наводното „бугарско ослободување на Македонија од страна на Германците во 1944 година“.
Да не заборавиме, дека на бугарските наци-шовинистички апетити кон Македонија и Македонците им нема крај, па така во нивниот шизофреничен јавен дискурс и меѓу најголем дел од Бугарите и окупацијата од нивна страна на дел од Македонија во април 1941 година, исто така, лажно се претставува како божемно „ослободување“.
Во прилог неколку скенирани документи:
Спогодбата од Крајова објавена во МНР на Н.Р.България “Външна политика на Народна Република България“, Том 1, Наука и Изкуство, София, 1970, страници 12-13.
Известувањето на Танјуг за спогодбата во Крајова: Слободан Нешовиќ “Југословенско-бугарските односи во неодамнешното минато“, НИП Нова Македонија, Скопје, 1973, страница 55.
Говор на Тито во врска со ова од 1968 година: Josip Broz Tito “Opštenarodna odbrana i društvena samozaštita“, Sarajevo, 1980, strаne 529-531.
Испратеното писмо од страна на ЦК на БРП (комунисти) до Тито од 2 ноември 1944 година, кое Тито го цитира во својот говор од 1968 година (претходен скен): Главно управление на архивите при Министерския съвет “БКП, Коминтернт и Македонски’т впрос, 1917-1946“, Том 2, Софија, 1999, страници 1140-1141-1142.
Гоце Пaнговски

КОЛУМНИ

Клементина Брзаковска

Фрчковизмот што ја претвори опозициската СДСМ во циркус без компас

Александар Иванов

Тектоника на новиот свет: Американскиот софтвер, кинескиот хардвер и битката за...

Јове Кекеновски

Анализа на кризата во Ормускиот теснец

Билјана Ванковска

Кина планира развој за пет години однапред, Западот јури кон нова...

Ристо Цицонков

„Скопје на вода“ = Скопје на бетон

Перо Димшоски

Македонски евроинтеграции – закопани во минатото, изгубени во сегашноста!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ