Во нормална демократија опозицијата треба да биде во најмала рака коректив на власта. Таа треба да нуди идеи, планови и визија за иднината. Да предлага закони, да контролира и да предупредува.
Но, Македонија денес гледа нешто сосема друго.
Наместо сериозна политичка алтернатива, јавноста гледа серија прес-конференции, политички перформанси и сензации што повеќе личат на кокошарник отколку на политика.
Сè почесто се наметнува впечатокот дека дел од македонската опозиција не следи јасна политичка идеологија. Следи нешто друго – политички стил што условно може да се нарече фрчковизам.
Фрчковизмот е политички стил што се храни од сензационализам, навреди и скандали. Наместо аргументи – спектакл. Наместо визија – дневна политичка сензација. Наместо политика – политички театар.
Во јавниот простор со години кружат и бројни контроверзии поврзани со овој стил – од навреди и политички испади до случаи што во јавниот дискурс често се спомнуваат како делење воспитни шлаканици на младинци па се до пријави за насилство. Без разлика дали се мит или реални, тие само го хранат истиот политички модел – скандал наместо аргумент.
Наместо опозиција што ќе понуди економска стратегија, енергетска политика, демографска политика или сериозни реформи во правосудството, јавноста добива прес-конференции за сè и сешто. Од медиумски расправии околу лични предмети – како чантата на сопругата на скопскиот градоначалник – до конструкции што звучат како сценарио за политичка комедија.
Безбеден град и други апсурди: политичкиот театар во живо
Последниот пример беше изјавата на претседателот на СДСМ околу системот „Безбеден град“, со тезата дека системот наводно „немало да ги казнува вмровците“.
Таквата изјава звучи апсурдно. Системите за автоматско казнување функционираат преку камери и софтвер што регистрира прекршок, а не партиска припадност. Алгоритмите не читаат партиски книшки од регистарски таблички.
Оттука се поставува логичното прашање: дали некој навистина верува дека полицијата оди по штабови, собира регистрации и ги внесува во тајна база за да не ги казнува?
Ако тоа не е политички театар – тогаш што е?
Ако фрчковизмот не постоеше, ќе требаше да го измислиме. Барем да не забавува.
Но проблемот е што државата не е кабаре.
Во последните години јавноста гледа низа политички перформанси – прес-конференции со „крвави раце“, најави за маршеви што се откажуваат или се менуваат во последен момент, приклучување кон други протести и драматични политички настапи што исчезнуваат веќе следниот ден.
Сето тоа остава впечаток на политика на импровизација.
Но најголемиот парадокс е што истите тие политичари денес повикуваат на протести против „системот“. Систем што тие со години го градеа.
Аферите од владеењето на сега опозициската сдсм
Во јавноста останаа запаметени случаи како:
Рекет
Падот на СЈО
Онкологија
Пожарот во модуларната болница во Тетово
Пасошка мафија
Аферата Мафија со државјанства
Случајот со полицајката и „Пајакот“
Скандалите со модуларните болници
Контроверзиите со продажбата на Соравиа
Аферата Државна лотарија
Скандалите со тендери во здравството
Скандалите околу енергетски тендери
Контроверзиите околу влијанијата врз судството
Ниската доверба во правосудниот систем…
Во истиот период анкетите покажуваа драматично ниска доверба на граѓаните во правосудството, и тоа во време кога политичари се претставуваа како реформатори на судството, па дури и како самопрогласени реформатори на Советот на судии и јавни обвинители.
Во јавниот простор останаа и бројни политички изјави и настапи што често стануваат предмет на сарказам.
И токму тука се крие суштината на фрчковизмот.
Многу зборови.
Многу перформанси.
И многу малку идеи.
Граѓаните не бараат политички кокошарник.
Бараат план за економијата.
Бараат реформи во правосудството.
Бараат подобар живот.
Опозицијата го изгуби и политичкиот компас. Тоа е фрчковизмот.

Клементина Брзаковска