понеделник, 8 декември 2025
Александар Стојановски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

ЕУ го губи кредибилитетот

По последните случувања на меѓународната сцена во однос на војните во Украина и Газа, јасно произлегува дека ЕУ полека, ама сигурно ја губи својата позиција на таа сцена, на сметка на руско-американските разговори генерално за случувањата во регионот и пошироко.  

Обидите на ЕУ верно да ги следат позициите на САД, во случајот со новата американска администрација и новиот претседател Доналд Трамп, не им одат баш најдобро. Следејќи ги секојдневните промени во одлуките на Трамп, тоа, мора да признаеме и не е така лесна задача.

Како и да е, ЕУ се соочува со сериозна криза на кредибилитетот како глобален актер. Покрај економската криза кај главните играчи на ЕУ, кредибилитетот е нарушен и поради несмасноста на раководството во Брисел, кое не успева да покаже политички авторитет на глобалната сцена, што доведува до понижување на довербата во нејзината дипломатска и безбедносна моќ.

Вечната оска ЕУ-САД по изборот на Доналд Трамп се соочува со голема недоверба од мнозинството граѓани на земјите членки на ЕУ. Некои истражувања на јавното мислење покажуваат дека 67 отсто од жителите во ЕУ негативно се настроени кон оваа оска, исто колку што се негативни оценките и за Кина и Русија.

Она што конечно излезе на површината е немањето автономија во надворешната политика на ЕУ, во одбраната, безбедноста… Се бара намалување на зависноста од САД. Без таа зависност ЕУ тешко се снаоѓа на глобалната сцена. Брисел го гледа тоа и реагира тромо, без концепт и стратегија како понатаму. Никој веќе на ЕУ не гледа како на сила на глобалната сцена. ЕУ е дискредитирана и од внатре од потесни национални интереси. Таа внатрешна раздвоеност предизвикува тешкотии во донесувањето заеднички одлуки.

Реакциите на ЕУ на војната во Газа открива колку е ЕУ поделена и некредибилна затоа што не може да формира едно, заедничко, координирано надворешно делување. Нема согласност за санкции или конкретни мерки кон Израел, што се смета за морална и политичка слабост.

На средбата на министрите за надворешни работи во Копенхаген Ирска, Шпанија, Шведска и Холандија се залагаа за силен економски притисок на Израел, па дури и суспензија на трговскиот договор, а Германија, Унгарија и Чешка се против таквите мерки.

Белгија, Ирска, Луксембург, Шпанија и други се критички настроени кон Израел, а некои ја признаа Палестина. Други членки на ЕУ се за санкции или суспензија.

Холандија и Словенија преземаат самостојни акции — на пример, забрана за влез на некои израелски министри и бараат суспензија на Израел во некои програми.

ЕУ е поделена и во односот кон Москва — додека мнозинството е за забрана за увоз на енергенси од Русија, Унгарија и Словачка се против тоа.

Жозеп Борел, поранешниот еврокомесар за надворешна политика на ЕУ,  призна дека кредибилитетот на ЕУ е доведен „во прашање“ поради неможноста да се обезбеди единствена позиција. Францускиот претседател Макрон предупреди на ризикот од губење на кредибилитетот: ако ЕУ не дејствува доследно и интегритетно во конфликтите во Украина и Газа, нејзиниот статус како чувар на правилата и вредностите ќе избледе.

Многу студии потврдуваат дека легитимитетот се троши кога вредностите (демократија, човекови права, владеење на правото) се прилагодуваат на секоја ситуација пооделно или селективно се применуваат.

И во таква ситуација, првиот одговор на ова ослабено и неугледно раководство на бриселската администрација е одбраната, милијарди за војска и оружје. Сосема спротивно на основните на формирањето на Унијата. Наместо да се обидат од внатре да се реформираат, да сменат нешто во начинот на одлучувањето, да поработат на внатрешното единство, на проширувањето без разбирање за блокадите и ветото од поедини држави… Брисел реши да се вооружува, да испраќа војски, да ги помагаат воените жаришта, а не обратно.

Нема веќе кредибилни политики креирани врз вредности и бескомпромисно почитување на дефинираните принципи на обединувањето. Двојните стандарди, дволичната политика видена во реакциите за Украина и Газа, фрагментираното и некоординирано водење на надворешната политика, доведуваат до деградација на довербата. Ваквата позиција на ЕУ ги демотивира реформските процеси во земјите од Западен Балкан кои сакаат да бидат дел од ЕУ. Моралната и политичка улога на ЕУ во регионот е нагризена.

Александар Стојановски, Брисел

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

Како изгледаат среќни луѓе?

Јове Кекеновски

ВМРО и Европа: Православието како дел од европската цивилизација наспроти теоријата...

Божин Павловски

Бугарите можат и подобро

Ристо Цицонков

Нема „парно“…

Сања Велкакова

Што ги турка младите надвор, и што би ги вратило назад

Александар Грижев

Фрагментирани институции, силни манипулациски кампањи: зошто ни треба интегриран одговор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ