Ова е за Рипли. Ама, верувале или не, вистина е. Кога Македонија почна да произведува по 2 илјади наслови книги годишно, и земаше учество на сите големи меѓународни саеми на книгата, од највисоко место бевме поканети како привилегирани гости, да учествуваме во Софија на Панаир на книгата. Ја добивме најдобрата позиција во халата. На голем простор оддалеку се гледаше натписот Република Македонија. Имавме право да продаваме по 50 примероци од секој изложен наслов. Бугарите се познати љубители на книгата. За час или два нашите седум комбиња со книги осамнуваа празни. Кај нас вриеше од посетители. По свеченото отварање на саемот редовно се приредуваше коктел на кој присуствуваше самата министерка за култура, Људмила Живкова, ќерка на диктаторот Тодор Живков. И, верувале или не, по коктелот таа или нејзиниот заместител (заменик) приредуваа свечена вечера само за македонската делегација. Таа дама со париски манири и гардероба остануваше час или два, но вечерите траеја до полноќ. Од наша страна најчесто беа тогаш нашите најдобри историчари (Христов, Матковски, Панов, Полјански, Тодоровски, Пандевски). Од нивна, покрај министерката и барем еден нејзин заменик, присуствуваа академици, кадри од ХЕМУС и други.
е разбира, тие гозби завршуваа со мали кавги. Но дружењето си продолжуваше наредниот ден.
Години по ред, додека беше жива Људмила Живкова која почина млада, Република Македонија беше главна атракција на Панаирот. Ми се чини дека продадовме 100 илјади примероци историски книги среде убвата Софија.
Па, како можевме да се доведеме во оваа толку мачна положба? Дали затоа што од наша страна преговорите ги водеа Зелкари и Тиквари кои не прочитале ниту една книга од тие што ги однесовме и продадовме во Бугарија или како држава не значиме ништо достојно за почит и уважување?

Божин Павловски
Објавено на
часот
Сподели
КОЛУМНА
Бугарите можат и подобро
Денес, кога двете мали држави Бугарија и Македонија се гледаат меѓу себе како душмани, вреди да се потсетуваме на светлините, па дури и ако тие се изгаснати.

Божин Павловски
КОЛУМНИ
Ристо Цицонков
Нема „парно“…

Сања Велкакова
Што ги турка младите надвор, и што би ги вратило назад

Димитар Љоровски Вамваковски
Костурчанецот што ги збуни и Атина и Софија: Анастас Јанков, Македонец...

Љубомир Николовски
Уметноста на неуспехот
Ристо Цицонков






