сабота, 12 јули 2025
Јове Кекеновски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

7 години oд Преспанскиот договор – што е ветено, а што е остварено

Македонија ги исполни речиси сите обврски, дури и по цена на политички и внатрешни конфликти и неединство. Двојните стандарди и лицемерието на ЕУ излегоа на површина.

Што беше ветено?

Промена на името ќе го отвори патот кон НАТО и ЕУ – главната политичка порака беше: со компромис до европска иднина.
Членство во НАТО – сојузничка безбедност, економска стабилност.
Почеток на преговори со ЕУ веднаш по спроведување на договорот – очекување брзо членство ЕУ без никакви идни блокади.
Билатерална соработка со Грција ќе се интензивира во сите области од економија до енергетика.
Европска солидарност и поддршка ќе следат – брз пат кон ЕУ, особено по решавање на спорот.

Што е постигнато?

Промена на уставното име, на Уставот, промена на имиња на институции, забрана за високите државни претставници да го употребуваат името Република Македонија во меѓународната комуникација и др.
Промена на пасоши, лични карти, таблици, натписи. Нови пасоши со „North Macedonia”, таблици NMK.
Членство во НАТО Од март 2020, станавме 30-та членка.
Подобрени односи со Грција – комуникацијата не е прекината, но постои недоволна економска и друг вид соработка.

Што не е остварено?

Полноправно членство во ЕУ. Сè уште е далеку. Ниту една кластер-група не е формално отворена. Фаза на скрининг.
Грција не ги ратификува трите меморандуми иако се обврза на тоа. Тие се уште стојат нератификувани од 2019.
Нема втор Совет на високо ниво – оваа обврска според договорот сè уште не е исполнета.
Ветувања за „брз ЕУ пат“ не се случија. Наместо олеснување – нови блокади (Бугарија, билатерализација, нови шовинистички притисоци).
Намалена динамика во билатерални односи. Нема високи посети последниве 3–4 години.

Каде сме сега (16 јуни 2025)?

ЕУ интеграција – ЗАКОЧЕНА. Уште во „фаза на скрининг“, без суштински напредок.
Односи со Грција – СТАБИЛНИ, но пасивни. Без нови иницијативи и обврски на Грција за реализација на договореното кои чекаат на „дневен ред“.
Дополнителни услови од Бугарија – историски прашања, оспорен идентитет, јазик, барање за уставни измени – нови препреки.
Јавна поддршка за ЕУ – ОПАЃА. Граѓаните разочарани и скептични во искреноста на ЕУ.
Македонската власт под голем и некоректен притисок.

Заклучок

Преспанскиот договор беше избрзан. Преголема отстапка на наша штета. Без никакви гаранции за преголемите отстапки кои експресно ги направи Република Македонија.
ЕУ не го одржа и изврши својот дел од договорот.
Македонија ги исполни речиси сите обврски, дури и по цена на политички и внатрешни конфликти и неединство.
Двојните стандарди и лицемерието на ЕУ излегоа на површина. Молчење за непочитување на европските вредности од страна на земја членка на ЕУ.
Јове Кекеновски

КОЛУМНИ

Сашо Маневски

„Возвишените“ ЕУ вредности

Бранко Саркањац

Што го прави денес Македонецот Македонец?

Луси Ректорова

Пропаганда за мајчинство: руската забрана за луѓето кои не сакаат деца...

Жанета Ќосе

Како либералите ни го „избришаа“ јазикот и идентитетот и зошто ВМРО...

Рајко Пеколски

Забрането постоење!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ