понеделник, 8 декември 2025

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

60 години рокенрол во Македонија !

Драго ми е што Градскиот комитет на ВМРО Скопје го имал ова предвид и во својата програма има внесено бројни активности за промоција на овој јубилеј и македонската рок музика воопшто. Како дел од активностите за одбележување на овој голем јубилеј, вчера во клубот МОШ беше организиран уникатен настан под името „Скопје за сите!“  – голема градска журка за донирање средства за поддршка на проекти, кои што преку рок музиката се нераскинливо врзани со нашето национално ткиво.

Со огромна благодарност за сето она што во овие 40 и повеќе години го има дадено на македонската музика, за нејзина промоција на концертните подиуми ширум светот, како и за удирање траен печат во филмот и театарот, на настанот беа собрани донации кои што како авансна претплата треба да дадат иницијален придонес за печатење монографија за музичарот Горан Трајкоски – Готра. Хроничарот на македонската рок музика, Тошо Филиповски, автор на Македонската рок енциклопедија, монографијата за Мизар и други квинтесенцијални дела за зачувување на македонскиот рок изблик ќе биде автор и на ова важно издание.

Композиторскиот опус на Горан Трајкоски е за почитување. Музиката за 90 театарски претстави, легендарниот саундтрак за филмот „Пред дождот“, како и музиката произлезена од неговото членување во рок групите „Афективен набој“, „Сарацени“, „Падот на Византија“, „Мизар“ и „Анастасија“ има пробиено многу бариери и отворено нови хоризонти, пред се за младите музичари што допрва доаѓаат.

ф

Фото: Падот на Византија, од лево надесно: Зоран Дабиќ – Дабо, Горан Трајковски – Готра и Шпенд Ибраими – Шпентот

Музиката се создава преку различни инструменти, постојат многу жанрови и поджанрови, но нејзиниот јазик е сепак универзален, без оглед дали се изведува на електрични гитари или зурли. Творештвото на Горан Трајковски музички ги артикулира маките, внатрешните борби и стремежи на македонскиот народ со векови наназад. Неговото дело трајно ги артикулира духот и верата на народот, кој не потклекнал ни во најтешките мигови. Тој е еден од ретките наши уметници, кој што како и големиот Петре М. Андреевски во книжевноста,  успеал да ја извлече есенцијата на се она што е македонско и така сублимирана да ни ја понуди како музика – моќен двигател и катализатор на националниот дух дома и препознатлив амбасадор на Македонија во странство.

Стаписан пред големината на неговото дело, среќен сум што како генерација имаме можност да придонесеме сето ова да остане забележано и запишано, зашто историјата што самите ја пишуваме е нашиот најголем сојузник и заштитник во сите идни премрежија.

                                                                                                       Зоран Дабиќ, амбасадор

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

Како изгледаат среќни луѓе?

Јове Кекеновски

ВМРО и Европа: Православието како дел од европската цивилизација наспроти теоријата...

Божин Павловски

Бугарите можат и подобро

Ристо Цицонков

Нема „парно“…

Сања Велкакова

Што ги турка младите надвор, и што би ги вратило назад

Александар Грижев

Фрагментирани институции, силни манипулациски кампањи: зошто ни треба интегриран одговор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ