Противникот на Пелистер во Лигата на шампионите, Колштад се соочува со финансиски проблеми, не може да најде доволно спонзори за во целост да го реализира замислениот проект.
Ова лето во Колшад пристигнаа ѕвезди како Сагосен, Род, Јоханесен… кои беа надополнување на оние кои дојдоа минатата сезона Бергеруд, Гулеруд, Ек Ага, Гудјонсон… тимот доби вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, но од Норвешка стигнуваат информации дека се во финансиска криза.
Според тамошните медиуми, клубот побарал од ракометарите да прифатат кратење на платата за 30 проценти во оваа сезона и за 20 проценти во следната.
Нејасно е како ќе биде прифатено тоа, особено од новите ракометари кои уште не почнале со работа, а од нив се бара да се откажат од сериозен дел од договорените средства.