Уште поголема е фреквенцијата на граничниот премин Табановце, а камерата од српска страна, на граничниот премин Прешево, покажува „реки“ возила кои излегле од Македнија и влегуваат во Србија.
Фото: Колони возила од Табановце кон Прешево
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања“, велат од АМСМ во утринското соопштение.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.