Колоната е километарска, со часово се стои во место. Социјалните мрежи се преполни со гнев кон неспособноста на општинските власти, на полицијата на одговорните.
Во возилата има семејства со мали деца, а некои останаа и без гориво. Што точно е причината за ваквиот застој, засега нема официјална информација.
Од Центарот за управување со кризи се работи за застој поради голем број автомобили на тесниот пат. Од таму информираат дека има застој и на крстосницата Маврово-Кичево-Гостивар.