Според списанието Фрешленд, јајцата може да се чуваат во фрижидер до еден месец, а со соодветно складирање овој период може да биде и подолг.
Сепак, не заборавајте дека во тој период е вклучено и времето поминато во маркет или во продавница. Затоа е важно секогаш да го проверувате датумот на пакување.
Варените јајца имаат пократок рок на траење, може да се чуваат во фрижидер до една недела, додека надвор од фрижидер треба да се користат во рок од 12 часа.
Доколку се сомневате во квалитетот на јајцата, пред да ги користите, скршете ги во посебен сад. Ако изгледаат или мирисаат сомнително, подобро е да ги фрлите.
Едноставен трик за да ја проверите свежината на јајцата е да ги потопите во вода. Најсвежите јајца ќе потонат на дното на садот, додека оние помалку свежите ќе лебдат или ќе стојат исправено во водата.