сабота, 21 декември 2024
За најдената пиротехника

Обвинителството нема кривично да го гони Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети

Јавното обвинителство соопшти дека се повлекло од гонење на Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со пиротехничките средства што беа одземени во неговиот автомобил за време на полициска контрола на 30 декември 2023 година. Утврдиле дека количината на пиротехниката не била доволно голема за да се оправда кривична одговорност, а Министерството за внатрешни работи не поднело кривична пријава, туку само известување.

Објавено на

часот

Сподели

Велат, по целосно спроведена предистражна постапка и вештачење, Обвинителството утврди прекршочна одговорност и издаде наредба до Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје за поведување прекршочна постапка против Ахмети, согласно Законот за заштита од експлозивни материи.

Во текот на постапката, вешто лице изврши увид во пиротехничките средства кои беа запленети. Станува збор за 7 петарди и 15 кутии ракети за огномет, кои биле евидентирани како поединечни случаи, но во суштина се третираат како една целина. За набавката на средствата, Ахмети поседувал фактура од правно лице овластено за продажба на пиротехнички производи, а за изведбата на огнометот било ангажирано друго правно лице.

„Според извештајот од вештачењето, пронајдениот пиротехнички материјал не е од количина која би иницирала кривичен прогон. Дополнително, Министерството за внатрешни работи достави известување, а не кривична пријава до обвинителството“, велат од ОЈО Скопје.

Јавниот обвинител утврди дека Ахмети не поседувал одобрение за транспорт на пиротехничките средства, што претставува прекршок согласно член 69 од Законот за заштита од експлозивни материи. Прекршокот ќе биде предмет на постапка пред комисија во Министерството за внатрешни работи.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ