вторник, 22 октомври 2024

Колеж во шумите на Шведска – ловци за два дена убиле повеќе од 150 кафеави мечки

Повеќе од 150 кафеави мечки се убиени за време на првите денови на шведскиот годишен лов на тоа животно. Истовремено, заштитниците на природата го осудуваат екстремно масовниот отстрел, истакнуваат дека станува збор за „колеж“ и предупредуваат на загрозеноста на скандинавската популација на кафеавите мечки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шведската влада издала 486 дозволи за отстрел на мечки во годинешниот лов, што е еквивалентно на петтина на преостанатата популација на кафеавата мечка. Минатата година е забележан рекорден отстрел со 722 убиени мечки.

До четвртокот попладне, што бил вториот ден на ловот, веќе биле застрелани 152 мечки, истакнува Шведската агенција за заштита на животната средина.

Ловот стана фокус на сè поголемата контроверза во таа земја, а оваа година полицијата за првпат ги придружувала ловците во очекување на локални протести.

Магнус Оребрант, претседателот на Шведската асоцијација на месојади, група за заштита на дивите животни, кажа дека модерните методи на лов го прават убивањето мечки исклучително лесно, што може да се спореди со „чисто колење“.

Мечките во Шведска биле ловени речиси до истребување пред еден век, но нивниот број постепено пораснал и во 2008 година со 3.300 единки го достигнал врвот. Во текот на следните години, со отстрел е намален нивниот број за 40 отсто на околу 2.400.

Ако ловците продолжат со ова темпо, веќе следната година популацијата на кафеавите мечки може да се најде блиску до минималните 1.400 единки, колку што шведската влада смета дека е неопходно за одржување на популацијата.

Во изминатите две години, Шведска отстрани стотици волци, рисови и мечки, а минатогодишниот лов ги собори современите рекорди по бројот на убиени животни.

Во 2023 година беше организиран најголемиот лов на волци во модерно време, со цел да се отстрелаат 75 единки на загрозената популација која брои само 460 волци.

Еколозите се загрижени дека, ако нешто не се смени, ловењето би можело да има последици по целиот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ