сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на СДСМ

Колева: Скопје 2014 на ВМРО-ДПМНЕ испра пари за минимум 15 нови училишта

Објавено на

часот

Сподели

„Се мислело само како парите на граѓаните да завршат во џебовите на највисоките функционери на ДПМНЕ во тоа време. До денеска нема никаква промена во ДПМНЕ, тоа е истата криминална партија која не мисли на граѓаните. СДСМ изгради и обнови 80 градинки, инвестира во подобри услови за учениците, гради нови и реконструираме над 118 постоечки училишта. Тоа е најголемата, суштинска разлика помеѓу криминалот на ДПМНЕ и политиките на СДСМ“, рече Колева и нагласи дека во отворената истрага за случајот Феникс од страна на надлежно обвинителство, 15 лица, меѓу кои и поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ се сомничат за злоупотреби на 57 милиони евра за 11 споменици преку Скопје 2014.

„Ова е уште една потврда за тоа колку голема, ултра пералница на пари е Скопје 2014 и колку голема штета е предизвикана врз грбот на народот, на граѓаните“, рече пратеничката Колева.

.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ