сабота, 26 октомври 2024
По острите реакции

Колективна оставка поднесоа членовите на Комисијата за помилување кај претседателката

Професорот Гордан Калајџиев и член на Комисијата за помилување вечерва на неговиот фејсбук профил информираше дека членови на Комисијата поднеле колективна оставка.

Објавено на

часот

Сподели

„Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи“, стои во објвата на фејсбук профилот потпишана од Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска Ајтен Шаќири.

Оставката следува по превирањата во јавноста за помилувања од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ