сабота, 27 јули 2024
Актуелниот градоначалник пред локалните избори во Албанија

Колефски бара нов мандат на чело на Пустец, ветува подобро здравство, повеќе туристи и барање за граничен премин со Грција

Објавено на

часот

Сподели

„Приоритет ќе ни биде и промовирањето на природните ресурси, традиции, култура, зголемување на зелените површини,  поддршка и олеснување во процедурите за развој на фамилијарниот туризам преку доградба на куќи за пречек на туристи, инвестиции и поддршка за младите и за возрасните лица, како и за рибарите преку олеснување на инфраструктурата“, наведе Колефски дел од зацртаните програмски активности.

Тој наведе и повеќе одобрени и аплицирани проекти кои ќе започнат со имплементација оваа година. Меѓу нив се и асфалтирање на патот во село Пустец, што е во тек,  реконструкција на новата зграда на општината, трансформација на село Глобочани во важна туристичка атракција, во рамки на добиен  проект во соработка со општина Битола, осветлување и изградба на инфраструктура на островот Мал Град, како и други инфраструктурни проекти.

„Програмата што ја презентирам не е само законска обврска да ја донесам, туку пред се е морална обврска и со ваша поддршка ќе можеме да ја решиме секоја мака за нас и нашите деца. Ова е нашата визија, ова е нашиот пат и ве покануваме да продолжиме по овој пат за да го развиваме ова прекрасно подрачје. Заедно само напред за доброто на сите“, порачува Колефски.

На локалните избори што се одржаа во јуни 2019 година Колефски освои 1.505 гласови или 66,84 отсто од вкупниот број гласачи, наспроти Едмонд Темелко кој освои 859 гласови или 33,16 отсто. Темелко во три последователни мандати беше градоначалник на Пустец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ