сабота, 27 јули 2024

Коледарско гравче за Мицкоски и Димитриевски

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и претседател на движење ЗНАМ – За наша Македонија зедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беа на дегустација на коледарско гравче на фестивалот BEARS MOTO ROCK FEST.

Објавено на

часот

Сподели

Овој фестивал традиционало се одржува во јуни на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово.
Во двата фестивалски дена посетителите имаат можност да уживаат во акробациите на вештите уметници, да проследат натпревари, како и да ги гледаат бајкерските игри.
За забавата на најмладите се грижат повеќе аниматори.
На главната фестивалска вечер настапија повеќе познати музички бендови, како што се: „Бенд Лектира“, „Ноќни путници“, Sakis Dovolis Trio, „Електрични Оргазам“. Фестивалот веќе традициоално има посетители од целиот регион, соопшти ЗНАМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ