Вива одбележува 30 години и тоа е нашиот повод да побараме интересни факти за брендот, неговиот успех и значење. Се започнува во 1994 година со визијата на Димитар Јосифовски за создавање на семејна компанија, производител на природни овошни сокови. Визијата стана реалност, а она што тогаш беше амбиција денес е статус. Така, се роди Вива — бренд кој не само што доминира на домашниот пазар, туку предизвикува внимание и на меѓународно ниво. Дали знаевте дека Вива е најголемиот македонски производител на овошни сокови, нектари, каши и пиреа?
На почетокот беа само два внимателно создадени вкусови, коктел и портокал во дојпак пакување, кои веднаш станаа омилени. Денес, Вива има капацитет на производство од 60 милиони литри годишно, а магијата се создава на 50.000м² во Македонија, толку се просторните капацитети на Вива. Она што ja прави оваа компанија толку посебнa е тоа што е македонски бренд кој користи македонско овошје и зеленчук и на тој начин го стимулира локалното земјоделство, создавајќи производи со врвен квалитет.
Вива е повеќе од само бренд на сокови, таа е глобален амбасадор на македонскиот квалитет. Соковите се извезуваат во повеќе од 30 земји во светот, а пред да стигнат на полиците, секој производ поминува низ строга контрола на квалитет. Производниот процес е прецизно контролиран за да се осигура дека соковите остануваат свежи, хранливи и полни со вкус. Со применување на современата технологија за пастеризација се продолжува рокот на траење на производите и се задржуваат витамините и минералите без додавање на адитиви и конзерванси. Секоја година, компанијата вложува значителни ресурси во развој и тестирање на нови вкусови со цел да ги задоволи различните вкусови на потрошувачите.
Компанијата нуди разновиден асортиман на производи во практични пакувања, вклучувајќи нектари, 100% овошни сокови, цедени сокови, ладни чаеви, како и смути, доматни сосови и кечапи, сите произведени со сопствена преработка на овошје и зеленчук, наменети за потрошувачи кои се стремат кон здрави и природни опции за балансирана и квалитетна исхрана.
Вива е водечка компанија во Македонија со најголеми капацитети за преработка на овошје во индустријата во која делува. Тие преработуваат вишни, праски, јаболка и капини, претворајќи ги во вкусни сокови и каши кои се извезуваат и во Кина, Катар, Кипар, Алжир, САД, Данска, Ирак и други земји. Овошните каши од Вива се користат во производството на детска храна и кондиторски производи. Квалитетот на овие сокови, меѓу другото, се должи на посветеноста кон создавање производи во периодите кога овошјето е најсвежо и најквалитетно, што резултира со неодоливи вкусови. Исто така, овие сокови овозможуваат достапност на овошје во текот на целата година, а не само во сезоната.
Компанијата е длабоко посветена и на одржливост и општествена одговорност со инвестиции во локалното земјоделие, здравството, образованието, спортот, едукацијата на најмладите и поддршката на детските културни настани.
Оваа година, Вива слави 30 години постоење – патување обележано со страст, упорност и посветеност да биде најдобра. Без разлика дали станува збор за иновативни производи, одржливи практики или лидерство на локалниот и глобалниот пазар, Вива и понатаму е инспирација за успех.
Бонус „факт“ – следниот пат кога ќе си ставете чаша Вива сок, знајте дека уживате не само во вкусен сок, туку и во наследство на традиција, квалитет и иновација.
Koмерцијален текст