недела, 19 мај 2024
Претседателски избори 2024

Кој ќе го довери мандатот за состав на влада, Пендаровски или Сиљановска Давкова?

Со оглед на тоа што вториот круг од претседателските ибори се одржува заедно со парламентарните избори кои се одржуваат во „еден круг“, а на актуелниот претседател на Македонија мандатот му истекува на 12 мај, мандатот за состав на нова влада ќе го довери победникот на претседателските избори доколку излезноста за овие избори биде над 40 отсто од запишаните гласачи.

Објавено на

часот

Сподели

Доколку излезноста на избирачите биде под цензусот од 40 отсто, тогаш на изборите не е избран шеф на државата и се повторува целата изборна постапка.

На актуелниот претседател, кој беше избран во 2019 година, мандатот му престанува на 12 мај годинава.

Во  вториот круг од изборите битката за нов мандат ја бие актуелниот претседател Стево Пендаровски, а за функцијата се бори и Гордана Сиљановска Давкова, која во првиот круг доби двојно повеќе гласови.

Тоа е нивно второ соочување во втор изборен круг по изборите од 2019 година.

Со оглед на одредбите од Изборниот законик, можно е да се очекува мандатот на новоизбраниот претседател да започне токму на 12 мај.

Пред преземањето на должноста, како што е наведено во Изборниот законик, најдоцна во рок од десет дена од денот на објавувањето на конечните резултати, но не порано од денот на престанок на мандатот на претходниот претседател, претседателот на Републиката дава и потпишува свечена изјава пред Собранието, која дословно гласи:

„Изјавувам дека функцијата претседател на Република Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно, ќе го почитувам Уставот и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија”.

Гласачите на 8 мај ќе можат само еднаш да одат на избирачкото место и да се изјаснат за двата вида избори или да гласаат само за претседателските или за парламентарните избори. Идентификацијата ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Утре (7 мај) за претседателските избори гласаат иселениците, додека и за претседателските и за парламентарните избори гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и две раселени лица.

Гласањето во среда, на 8 мај, на 3480 избирачки места започнува во 7 часот а завршува во 19 часот. Резултатите од гласањето се очекува да бидат познати најдоцна до полноќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ