сабота, 27 јули 2024
Бура по затишје од неколку месеци

Кој и зошто се обиде да го убие или исплаши таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски ?

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ. К. (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за настанот. 

Костадиновски во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син, кој беше пријавен за исчезнат на 3 март годинава. Тој беше гласен и се појавуваше во медиумите зборувајќи за исчезнувањето на неговиот син.

Но, дали пукањето од денес е обид да се замолчи родителот или да му се испрати некаква друга порака, ќе треба да покаже истрага. Напаѓачот на таткото на момчето го нема, а четири месеци го нема ни Самоил. 

Сомнежите за синот се дека на 3 март осомничените го грабнале момчето во скопската населба Кисела Вода и извршиле дејствија на кривично дело грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двете лица кои се под истрага претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа за да може да се обезбедат докази. 

Со одлука на Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, на двајцата осомничени им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Нашите извори тогаш сведочеа дека Костадиновски бил повикан на средба во скопската населба Кисела Вода. Тука влегол во сив опел во кој веќе биле неколку лица, а се претпоставува дека се работи за неплатен голем долг од некоја криминална зделка. Оттогаш, нема никаква информација, а возилото беше запалено.

Костадиновски е внук од брат на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе. Таа тогаш изјави дека никој ништо не знае за нејзиниот внук кој има 26 години.

 „Во автомобилот во кој влегол имало три лица. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен. Имам голема болка. Мојот внук го нема“, изјави по киднапирањето за МКД.мк Бошковска. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ