четврток, 30 мај 2024
Прес-конференција на градоначалничката на град Скопје

Кој и зошто сакал да го сокрие пожарот во Универзална сала, прашува Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната прес-конференција постави повеќе прашања кои се поврзани со проектот за реконструкцијата на Универзална сала, како и со пожарот кој пред една недела избувна во објектот. Арсовска праша дали и кој сакал да го скрие пожарот бидејќи, како што тврди градоначалничката, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска имала информации дека има пожар еден час пред тој да биде пријавен од случаен минувач. Кога пожарникарите дојдоа на терен објектот беше веќе зафатен од огромни пламени јазици.

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот е пријавен од случаен минувач во МВР во 9,50, а веќе во 9,55 на терен пристигнале пожарникарите со 9 возила, по што огнот бил локализиран. По пожарот имаше изјава дека причина е стар кабел, бидејќи нели, кај нас причина за пожарите се каблите. Министерката за култура да објасни дали и како имала информација дека има пожар во објектот еден час пред да биде пријавен, односно дали таа пред 9 часот знаела и зошто не пријавила“, праша на прес-конференција Арсовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ