сабота, 27 јули 2024

Кој е единствениот вистински наследник на Џордан?

Објавено на

часот

Сподели

Откако Мајкл Џордан се повлече (сите трипати) НБА-аналитичарите го бараат наследникот на неговиот трон. Многу играчи се најавуваа како претенденти на тронот, од Харолд Мајнер преку Џери Стакхаус до Винс Картер. Во последните години луѓето престанаа да бараат клон и бараа само слично доминантен играч. Ако се прашувате зошто Леброн Џејмс се претставува како разочарување, тоа е тесно поврзано со неможноста да го следи примерот на Џордан.
Во денешната НБА има многу одлични играчи, а повеќето од нив никогаш директно не биле споредувани со Џордан. Сепак, Неговото воздушество изјави дека само еден играч дошол доволно блиску до неговата фантастичност за да заслужи споредба. Нема никакво изненадување, тоа е Коби Брајант.
Еве што изјави Роналд Лејзенби, писателот што во моментов пишува книга за Џордан: „Единствената конкуренција на МЏ е Коби. Затоа МЏ го следи. МЏ успеа да ги увери луѓето дека тоа што го прави не е човечки можно. Исто и Кобстер. Не велам дека Коби е подобар од МЏ. Само велам дека МЏ ми кажа дека Коби е единствениот што вложил доволно труд, единствениот, кој заслужува споредба“.
Е па, честитки Коби. Твојот живот доби значење. Сето потрошено време за вежбање на движењата и умешноста на Џордан конечно се исплати. МЏ те призна.
Идејата за „следниот“ Џордан беше смешна уште од самиот почеток, но Брајант е единствениот играч што личи на Џордан во сите аспекти – дури и ако не стане најдобриот играч на пост-МЏ ерата. Тоа е успех сам по себе. Дури и второто место во овој случај значи нешто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ