недела, 12 јануари 2025

Кој е авторот и зошто е уништен споменикот во Кичево?

Објавено на

часот

Сподели

Една од приказните за тоа каде и како завршил споменикот е тоа дека уништувањето на оваа скулптура е „дело“ на Лазар Колишевски, во тоа време висок функционер на Комунистичката партија на Македонија. Кога дошол Колишевски во Кичево, веднаш наредил да се урне поради женскиот акт. Парчињата од бронза стоеле долго до 1970-тите години расфрлани во околниот парк.
Оваа приказна на својот фејсбук-профил ја почна професорот Димитрије Бужаровски кој побара одговори за повеќе детали за оваа скулптура.

Во бројните одговори, најчесто се вели дека автор на скулптурата е Љупчо Стефановски.

А за тоа зошто е урната е и приказната дека споменикот го претставувал ликот на Олга Мицеска, народен херој, која загинала на ѕверски начин, односно нејзиното тело било искасапено на парчиња, а најзабележливо било откинувањето на нејзините гради. Токму поради тоа, од почит кон нејзината фамилија, тогашните власти одлучиле да ја срушат статуата која го покажува нејзиното голо тело и гради. Основата, нејзините нозе до колена, кои биле направени од бетон, сѐ уште стојат расфрлани околу костурницата, велат мештаните.

Сепак, интересно е да се добијат сите одговори за судбината на овој споменик, кој брзо беше отстранет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ