понеделник, 17 март 2025

Кој дозволил да има дискотека во трошен објект, поранешен магацин за теписони?

Објектот во кој работела дискотеката „Пулс“ бил стар објект, стара градба и очигледно сосема несоодветна за таква намена. Порано овој објект, кој се наоѓа во близина на станбена зграда во Кочани, бил магацин за теписони. И покрај тоа објектот од општината добил дозвола да биде дискотека.

Објавено на

часот

Сподели

Приватната дискотека работела во овој објект повеќе години. Досега се смениле неколку сопственици. Сегашниот сопственик, кој е веќе приведен, секогаш бил дел од сопственичката структура на дискотеката.

Лиценцата на дискотеката истекувала на 24 март.

Пожарот што избувна во објектот бил предизвикан од пиротехнички средства. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека досега бројот на загинатите лица е 51, а стотина се повредени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ