1. Поголем опсег на вештачката интелигенција (ВИ) и подобри можности. ВИ континуирано ги дефинира и унапредува можностите во многу области – од здравствена заштита до финансиски услуги. Тоа денес овозможува, на пр., и попрецизни предвидувања, автоматизирани сложени задачи и персонализирани кориснички искуства. Во 2024 година, се очекува напредок на ВИ во етичките упатства и транспарентноста, одговарајќи на растечките барања за поодговорна технологија ширум светот.
2. Квантни компјутери. Од теорија до пракса, квантната технологија којашто долго време е резервирана за лабораториски истражувања, сѐ повеќе го наоѓа своето место во практичните примени. Со потенцијал да трансформира сè – од безбедносни протоколи до начините на обработување огромни количини податоци, квантното пресметување влегува во нова фаза од својата имплементација. Предводниците во оваа индустрија, како „Гугл“ и „Ај-би-ем“ веќе имаат завидни резултати во квантното пресметување, а најавуваат и можност за негова поширока примена уште оваа година.
3. „Попаметен“ Интернет на нештата („ИоТ“): Поврзаност, технологија, подобар живот… „ИоТ“ станува сѐ побогат со напредна „паметна“ технологија, со подобри интеграции и современи функционалности што го олеснуваат животот на луѓето. Во 2024 година, се очекува паметните уредите да станат уште посамостојни, со понапредни способности и подобра енергетска штедливост и одржливост. Паметните домови и градови ќе користат „ИоТ“ за да се подобри сè: управување, енергија, безбедносни системи итн., што претставува голем чекор напред во секојдневниот однос со технологијата.
4. Развој на 5-Г и новата 6-Г технологија. Додека 5-Г го освојува светот, 6-Г технологијата е веќе во најава. Оваа година, 5-Г ќе овозможи нови нивоа на поврзување и брзина на интернет, што ќе има големо влијание врз развојот на новите технолошки апликации, вклучувајќи проширена виртуелна реалност, но и „ИоТ“. Развојот на 6-Г, пак, ветува уште поголеми брзини и можности, што води до нови граници во телекомуникациите.
5. Одржлива технологија: Иновации за позелена иднина. Соочени со глобалните климатски промени, технолошкиот сектор игра клучна улога во создавањето поодржливи решенија. Во 2024 година, иновациите насочени кон намалување на јаглеродот и поттикнувањето одржливост ќе бидат во центарот на вниманието. Од еколошки извори на енергија до одржливи производствени процеси – технологијата е во првите редови во борбата за позелена планета.