сабота, 27 јули 2024

Кои ќе бидат кандидати за нови членови на Судскиот совет ќе се знае по празниците

Судскиот совет на денешната седница ја одложи точката за утврдување на кандидатски листи по објавен оглас за избор на двајца членови на Судскиот совет од Врховниот суд и од апелационо подрачје Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Одложена беше и точката за разгледување на Извештај на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судии на Врховен суд и не беше изгласано на дневниот ред да се додаде избор на судии поротници на Основен суд Струмица и Кавадарци.

На Седницата беа усвоени записниците од 481 и 482 седница на Судскиот совет и беше формирана Комисија за измена и дополнување на процедури за работа на Судскиот совет на РСМ.

Судскиот совет продолжи со расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.

Советот денеска треба да одлучува ипо Известување за итност и неодложност на постапка  по Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, како и по Известување за утврдена фактичка состојба по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ