петок, 26 јули 2024

Коха: Повеќе не е сигурно влегувањето на Косово во Советот на Европа

Од ставот на петте водечки западни земји – САД, Британија, Германија, Франција и Италија – ќе зависи дали гласањето за членство на Приштина во Советот на Европа ќе биде одложено или нема да добие доволно гласови, пишува Коха, повикувајќи се неименувани дипломатски извори од земјите членки на Советот на Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изворите тврдат дека причината за тоа е ставот на западните земји за обврската за формирање на Заедницата на српски општини.

Се наведува дека на последниот состанок амбасадорите на петте земји на претставниците на Приштина усно им го пренеле барањето да се упати на разгледување во уставниот суд нацрт статутот на ЗСО, а изворите на Коха тврдат дека негативен одговор од Приштина би можел да доведе до изостанок на поддршка за членство на Косово во Советот на Европа.

„Постојат земји кои го признале Косово и кои го поддржуваат членството во Советот на Европа, но би го промениле ставот ако добијат сигнал за тоа“, кажал изворот и додал дека, ако западните земји сугерираат, гласањето би можело да се одложи за една година.

„Дури и од водечките земји добиваме различни сигнали бидејќи има две земји кои повеќе се залагаат за, две кои се речиси против, а ставот на Соединетите Американски Држави е многу загонетен“, кажал еден од дипломатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ