Националните анкети и анкетите во клучните, т.н. превртливи држави (swing states) стануваат сè понеизвесни како што се приближува утрешниот ден, па маргината на победа би можела да биде многу мала во неколку држави, па можно е да е потребно пребројување, забележува Би-би-си.
Исто така, можно е некои резултати да доаѓаат побавно оваа година поради промените во начинот на кој поединечните држави – вклучувајќи ги и сите седум клучни држави, кои на крај ќе ја одлучат трката – управуваат со изборите од 2020 година.
Од друга страна, на некои места како Мичиген, броењето на гласовите е забрзано, а по пошта ќе се испраќаат значително помалку гласови отколку на претходните избори, кои се одржаа за време на пандемијата.
Во 2020 година, изборите се одржаа во вторник на 3 ноември, но американските ТВ-мрежи не го прогласија Џо Бајден за победник сѐ до доцна утрото во саботата на 7 ноември.
Новоизбраниот претседател ќе биде инаугуриран во понеделник, 20 јануари 2025 година, на просторот на комплексот Капитол – на 60-та претседателска инаугурација во историјата на САД. Така, иако не знаеме точно кога ќе биде објавен резултатот, знаеме кога ќе биде положувањето заклетва на следниот претседател.
Историски избори
Овие американски избори се навистина историски.
Доколку победи Камала Харис, таа ќе влезе во Белата куќа не само како прва американска претседателка, туку и како прва црнкиња и прв претседател со азиско-американско потекло.
Што се однесува на Доналд Трамп, тој би можел да стане првиот претседател од 19 век што победил откако го загубил реизборот и првиот кандидат од големата партија со кривична пресуда.
Овие избори беа обележани и атентатите врз Трамп и повлекувањето на Бајден од трката.