четврток, 26 декември 2024

Кога ќе разговараат Трамп и Путин?

Кремљ објави дека не е исклучен контактот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп пред инаугурацијата во јануари, објави руската новинска агенција Интерфакс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа изјава доаѓа по претпазливата реакција на Москва на изборната победа на Доналд Трамп.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја призна победата на Трамп, но рече дека нема информации дали Путин планира да му честита на Трамп и нагласи дека Русија сè уште ги смета САД за непријателска земја поради нејзината поддршка за Украина.

Самиот Путин допрва треба да ги коментира изборите во САД, но се очекува да зборува и да одговара на прашања на конференција подоцна во текот на денов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ