сабота, 27 јули 2024

Кога еден бутик ќе стане свратилиште за бездомници и скитници

Тоа било бутик, а сега наместо беспрекорен простор на модата, е свратилиште на бездомници и скитници, тука ќе заскита и по некој мортус – пијан за да се олесни, можеби и по некој кој не може да го продолжи патот од предозираност. Излогот често се крши, а одвнатре излегува неподнослива смрдеа. А е само на чекор – два од модерните молови во најстрогиот центар на Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Станарите од зградите од Градски ѕид, како и вработените во блиските дуќани, постојано се жалат дека бутикот се користи и како тоалет, па оттаму и онаа карактеристична реа. Но и дека со страв поминуваат ноќе.

џ

Се пожалиле до Општина Центар, добиле одговор дека не се надлежни бидејќи тоа е сопственост на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП), попознато како ПУИК.

д

Од ПУИК велат, немаат абер, зашто се обиделе да се јават, ама неуспешно.

И така проблемот си трае.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ