сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на СДСМ

Коциќ: ДПМНЕ и Мизрахи ги злоупотребија Анкетната комисија за Онкологија и пациентите

Објавено на

часот

Сподели

„Се потврдува она што се сомневавме уште од почеток, дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја злоупотребува во политички цели.

Најпрво Антонио Милошоски беше фатен од страна на пратениците на СДСМ како се обидува со невистини да претстави дека владата сакала да уништи доказен материјал.

Кога се виде дека не станува збор за доказен материјал туку за уништување на стари кревети Милошоски се извинуваше.

Оваа недела бевме сведоци како ДПМНЕ ја злоупотребија комисијата за Онкологија сакајќи своите партиски заклучоци, пишувани во Белата палата да ги претстават како заклучоци на Комисијата.

После овој преседан за кој реагиравме и како народни избраници се спротивставивме на сите злоупотреби, цела недела ДПМНЕ бегаат, седници нема, не се закажуваат.

Ваков скандалозен однос не заслужуваат граѓаните, македонското Собрание, пациентите од Онкологија.

Јавноста гледа дека на ДПМНЕ воопшто не им била важна вистината, не биле важни пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат.

Пратениците и членови на Комисијата имаат обврска пред граѓаните, пред пациентите да донесат соодветни заклучоци и да ја информираат јавноста“, рече пратеникот Коциќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ