понеделник, 9 декември 2024

Кочо Анѓушев во официјална посета на Малта

Објавено на

часот

Сподели

Анѓушев беше примен од министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг, кој се заблагодари за конзуларниот ангажман што Анѓушев го извршува во име на Малта во Македонија.

На средбата беше разговарано за актуелната политичка состојба во двете земји, како и за влијанието на глобалната геополитика врз економските состојби во Европа. Министерот Борг ја поздрави заложбата на почесниот конзул Анѓушев да се засили економската соработка и да се воспостави мост меѓу стопанствата, којшто ќе биде во интерес на двете страни.

Анѓушев во главниот град Валета се сретна со повеќе стопански субјекти од различни дејности, кои во иднина би можеле да соработуваат со фирми од Македонија, а имаше разговори и со Агенцијата за странски инвестиции на Малта.

 Во следниот период, почесниот конзулат во Скопје, во соработка со Стопанската комора, ќе организира делегација од македонски стопанственици да ја посети Малта, а следен чекор потоа ќе биде посета на фирми од Малта на нашата земја.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ