сабота, 27 јули 2024

Кочанчанка излажана за 15.000 евра, ѝ кажале дека на внукот му треба помош зашто прегазил мигрант

Синоќа 75 годишна кочанчанка во Одделението за внатрешни работи Кочани пријавила дека била измамена, соопшти МВР.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, маж ѝ се јавил на телефон и ја довел во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра.

„Како што е пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошл маж на кој му дала 251.400 денари“, наведуваат од МВР.

За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ