сабота, 19 октомври 2024

Кочанчанец криел 122 килограми марихуана во подрумот на својата фирма

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 73 годишниот И.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, во магацинските простории на својата фирма во Кочани, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година.

На 15 февруари 2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 килограми марихуана и 31,39 литри масло од канабис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ