сабота, 27 јули 2024

Кобајаши без ниту една победа триумфираше на турнејата „Четири скокалници“

Јапонскиот ски-скокач Рјоју Кобајаши втора година по ред е победник на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, а оваа година тоа го направи без ниту една победа на четирите настани.

Објавено на

часот

Сподели

Тој денеска во Бишофсхофен го освои второто место со скокови од 137 и 139, за што доби 278,6 поени. Тоа беше доволно да го задржи лидерското место и да го освои престижниот трофеј.

Кобајаши на сите четири скокалници заврши на второто место, не победи ниту еднаш, но во генералниот пласман собра најмногу бодови.

Победник во Бишофсхофен беше Австриецот Штефан Крафт со скокови од 136,5 и 140 метри, за што доби 288,9 поени. Подиумот го комплетираше Словенецот Анже Ланишек со скокови од 134,5 и 141 метар.

Кобајаши третиот „Златен орел“ на новогодишната турнеја во својата кариера го освои со вкупно 1.145,2 бодови, додека зад него се најдоа Германецот Андреас Велингер со 1.120,7 и Крафт со 1.112,7 бодови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ