сабота, 27 јули 2024

Коалицијата СДСМ-ДПМНЕ лаже, Градот работи со позитивни резултати, реаира градоналаничката на Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Жалиме што се уште постојат луѓе кои мислат дека илјада пати кажана лага ќе стане вистина, но политичката реалност во Македонија креирана од коалицијата СДСМ-ДПМНЕ единствено се базира на лаги и измислици.

Градот Скопје ниту е блокиран ниту е во банкрот. Редовно се сервисираат тековните обврски, а без пречка се реализираат сите проекти.

Градот Скопје е единствена институција во Македонија која работи со позитивни резултати и покрај политичките и институционалните обврски. Меѓу останатото сме единствена институција која прва линеарно ги зголеми платите.

Васко Кичевски може да го смета ова соопштение како демант, да се извини во законскиот рок и да го повлече кажаното, во спротивно вистината ќе треба да ја докаже на суд“, се вели во реакцијата од кабинетот на градоначалничката на Скопје..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ