сабота, 27 јули 2024

Коалициски партнери на СДСМ се селат во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Бројот на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори се зголемува. Како што дознаваме, во завршна фаза се преговорите со неколку политички партии од владеачката коалиција кои изразиле подготвеност на претстојните парламентарни избори да настапат заедно во коалицијата За обнова на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Објавено на

часот

Сподели

Подготвеност за заеднички настап со ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избор на 8 мај досега изразиле неколку партии – Социјалдемократска Унија на Лазар Еленовски, ТМРО на  Ванчо Шехтански, ОПЦЕР на Неждет Мустафа, Достоинство на Стојанче Ангелов, СНС на Драгиша Милетиќ, ТДП на Бејџан Илјаз, Демократски сојуз на Павле Трајанов,  Македонски концепт на Петар Богоевски и Обединети за Македонија на Љубе Бошковски.

Преговорите се во тек и се очекува деновиве и официјалното потпишување на новите членови на коалицијата.

Актуелни коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ се Социјалистичката партија на Македонија, Демократската партија на Србите во Македонија, Глас за Македонија, Движење за национално единство на Турците, Демократска партија на Ромите, СНС, КПМ, Демократски сили на Ромите, МААК, НЛП и Партија на Власите.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ