Обраќајќи им се на функционерите на ДУИ, Дурмиши потенцира дека сите нивни постапки и соработки се типични за Русија и Србија, само што сега, како што рече, не можат да ги сокријат.
„Затоа, многу јаснo ви даваме до знаење дека сите знаеме дека вие од една страна се преправате дека сте против Русија, а од друга страна само го дозволувате нејзиното проширување и влијание во Северна Македонија. Мислите дека граѓаните не знаат дека главен партнер ви е Русија. Сите вие 10 години владеевте со најголемиот проруски ориентираниот во државата Никола Груевски. Потоа безбедно го испративте во Унгарија. Им должите на вашите граѓани да ја кажете вистината дали се уште ги продолжувате контактите со Груевски“, рече Дурмиши.
Од албанската опозиција обвинија и дека ДУИ со руски олигарси имаат десетици бизниси со брзи кредити.
Според Дурмиши, претседателскиот кандидат на албанската опозиција Арбен Тараври ќе победи на претседателските избори.