петок, 26 јули 2024

Коалицијата на ДУИ не се откажува, тужба и пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино

Објавено на

часот

Сподели

Управниот суд треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

ДИК вчера на седница не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на изборното место 2.101 во село Ларце во Општина Желино.

По прегласувањето во избирачко место 2.101 во Ларце, Желино, коалицијата Европски фронт загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека коалицијата Вреди доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата Вреди по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

Во Собранието денеска се одржа конститутивна седница, на која беа верифицирани мандатите на 118 пратеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ