четврток, 24 октомври 2024

Кнесетот изгласа дека палестинската држава не смее да биде признаена

Израелскиот парламент Кнесет вчера еднострано одлучи дека нема да го признае формирањето палестинска држава. За оваа одлука гласаа 99 пратеници, а против беа девет, пренесува „Џерусалим пост“.

Објавено на

часот

Сподели

„Израел ќе продолжи да се противи на едностраното признавање палестинска држава. Ваквото признание по масакрот на 7 октомври би било голема награда за тероризмот, кој беше без преседан и ќе претставува пречка за секој иден мировен договор“, се наведува во соопштението.

Припадниците на израелските сили убија тројца осомничени палестински борци за време на нападот прексиноќа во секторот Џенин, упориште на вооружените фракции на северот на окупираниот Западен Брег.

„Војниците открија и оружје и експлозиви поставени со цел да извршат напад врз израелски војници“, се вели во соопштението на израелската армија.

Во израелски напад во јужен Либан вчера загинаа една жена и една девојка, соопштија либански извори, неколку дена откако Хезболах вети дека ќе му плати на Израел за убиството на цивили во судирите долж израелско-либанската граница.

Движењето Хезболах, поддржано од Иран, разменува оган со Израел откако неговиот палестински сојузник Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври, во напади за кои Хезболах вели дека имаат цел да им помогнат на Палестинците во Појасот Газа.

Во соопштението на портпаролот на израелската армија се наведува дека армијата извршила напад врз „воена зграда“ во селото Јарун во јужен Либан и дека израелски воени авиони извршиле напади врз три оперативни штаба на Хезболах на југ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ