понеделник, 21 октомври 2024
Се чека напаѓачот да повлече потег

Клучни недели: Мбапе треба само да изрази желба и Реал Мадрид ќе понуди 200 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

Иднината на Килијан Мбапе може да биде решена во следните недели, како што пишува Л’Екип, Реал Мадрид и Флорентино Перез чекаат сигнали од напаѓачот за да тргнат во офанзива.

Килијан Мбапе ќе треба јавно да каже дека сака да замине од ПСЖ, по што „кралевите“ ќе испратат предлог вреден помеѓу 180 и 200 милиони евра.

Се очекува напаѓачот да биде изоставен од тимот на „светците“ за првото коло во Лига 1 и ова да биде тригер за реакција на Килијан Мбапе, кој ќе треба да каже дека и покрај желбата да остане во Париз, не може да се замисли себеси како седи една година на клупа, па мора да замине од „Паркот на принцовите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ