недела, 27 октомври 2024
Фудбалерите го одбраа Лондон како дестинација

Клоп со брутален коментар ги истрола Челси, Каиседо и Лавија: Господе, колку само имавме среќа!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп упати зајадлив коментар на адреса на Челси, Моисес Каиседо и Ромео Лавија, вели дека имале многу среќа што двајцата фудбалери ги одбиле и се преселиле на „Стемфорд Бриџ“.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвените“ минатото лето правеа реконструкција на средниот ред, а на листата со желби имаше неколку имиња.

Конкретни обиди беа направени со Моисес Каиседо од Брајтон и Ромео Лавија од Саутемптон, беше постигнат договор помеѓу клубовите, но двајцата сепак одбија да се преселат на Енфилд, и го одбраа Челси како следна дестинација.

Но „сините“ до овој момент немаат многу аир од засилувањата вредни 115, односно 58 милиони фунти. Моисес Каиседо игра под очекувањата, додека пак Ромео Лавија има повреда на скочниот зглоб и подолго време е надвор од стројот.

Ливерпул на крајот се реши да го ангажира Ватару Ендо, кој пристигна за само 16 милиони фунти, и се покажува како сосема солидно засилување.

„Изминатово лето се случуваа чудни работи на трансфер пазарот, но помеѓу нас, слободно можам да кажам, „Господе, колку само имавме среќа!“. Не го знаевме тоа во тој момент, и ништо не навестуваше на ваков расплет во тој момент, но да, навистина сум среќен од начинот на кој испаднаа работите“ – рече тренерот на Ливерпул на вчерашната средба со навивачите.

„Неколку дефанзивци од средниот ред не сака да му се придружат на Ливерпул, па гледаме сега што им се случува, плус ние го добивме Ендо. Тој е извонреден играч“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ