сабота, 19 октомври 2024
Тренерот на Ливерпул предизвика бура

Клоп побара натпреварот против Тотнем да се преигра: Вакво нешто до сега не сум видел!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп побара да се преигра натпреварот против Тотнем откако ВАР не реагираше кога регуларниот гол на Луис Диаз беше поништен поради офсајд.

Објавено на

часот

Сподели

На натпреварот помеѓу Тотнем и Ливерпул се случи голем скандал, беше поништен регуларен гол на Луис Диаз а ВАР собата ни си ја заврши соодветно задачата, и наместо да ја корегира одлуката, дозволи играта да продолжи.

Јирген Клоп денеска порача дека натпреварот треба да се преигра поради големиот пропуст на судиите.

„Вакво нешто никогаш не се случило, па затоа мислам дека треба да се преигра натпреварот“ – вели тренерот на Ливерпул.

„Аудио снимката која беше објавена не менува ништо. На сите им е јасно дека е направена грешка. Треба да има решение за ова. Исходот треба да биде преигрување на натпреварот, но веројатно тоа нема да се случи“.

„Навикнат сум на погрешни и тешки одлуки, но вакво нешто никогаш не сум видел“.

Запрашан дали Ливерпул официјално побарал од Премиерлигата да се преигра натпреварот, или ќе побара во следните денови, Клоп одговори: „Во овој момент се уште ги разгледуваме информациите кои ги имаме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ