недела, 20 октомври 2024
Арапите им ги матат трансфер плановите

Клоп нема раат, и трет фудбалер на Ливерпул доби богата понуда од Саудиска Арабија

Објавено на

часот

Сподели

Јирген Клоп нема раат, Арапите меркаат уште еден фудбалер на Ливерпул. „Црвените“ веќе водат преговори со Ал Итихад за трансфер на Фабињо и со Ал Етифак за трансфер на Џордан Хендерсон, а како што велат последните информации, Ал Хилал отворил и трет фронт.

Клубот од Ријад сака да го купи Луис Диаз и е подготвен да плати 50 милиони фунти за услугите на Колумбиецот.

Се говори дека „црвените“ во моментов немаат желба да се разделат со напаѓачот, но парите кои се расфрлаат Арапите лесно можат да ги променат работите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ